На 54-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина новинарот на порталот Спортманија, Зоран Поповски. Со шок и неверување во новинарските кругови е примена веста дека веќе го нема меѓу нас нашиот колега Зоки.
Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како „А1“, „Дневник“, „Екипа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во Спортманија.
Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.