Полициските служби во Охрид поднеле кривична пријава против 66-годишниот Д.К.С. од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, информираа од СВР Охрид.
При претрес извршен на 18 април 2025 година во домот и помошните простории на осомничениот, полицијата пронашла и одзела марихуана и тетрахидроканабинол.
Случајот е целосно документиран, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка, соопшти полицијата.