Неофицијално како што дознаваат од kurir.mk Алтернатива на Африм Гаши влегува во Владата.
Алтернатива се очекува да го добие Министерството за здравство и едно вицеперемиерско место. Инаку, Владата засега има четири вицепремиери, Артан Груби, Никола Димитров, Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски.
Соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните. На тој начин ќе се обезбедат и најдобри решенија за најголемите актуелни предизвици како што се КОВИД-19 пандемијата и глобалната енергетска криза.
Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт.
Во деновите што следат, ќе продолжат консултации во партиите, по што ќе следи и нова работна средба помеѓу премиерот Заев и претседателот на Алтернатива, Гаши со нивните тимови.