Универзитетската професорка Ана Чупеска денеска поднела оставка од функцијата потпретдедател на СДСМ, брифираат за Радио Лидер извори од врвот на партијата.

Информацијата не е официјално објавена од страна СДСМ, па токму затоа на крајот поставуваме прашалник.

Чупеска беше најпрепознатлив лик на партијата во пост-Заевиот период. Предава на политички студии на Правниот факултет Јустинијан први и има меѓународно реномирана научна кариера.