По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, денес во приватната клиника каде што повеќе од шест месеци се лекуваше, почина Владимир Блажев – Панчо, предводникот на ар ен би дуото ДНК.
– Неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животнозагрижувачка, а лекарите и медицинскиот песрсонал и покрај целата борба и се што можеле да сторат, а било во нивна моќ, не успеале да му го спасат животот, објави Вистина.мк.
За жал, трагедијата во Кочани зеде уште една, 64 жртва… Замина уште една македонска музичка легенда, човек чија музика беше дел од нашето секојдневие, од нашите спомени и емоции.
Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.
Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.