Реакција на АВМУ за непристоен однос на новинарот кон министерката Јаневска

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагира поради непристоен однос на новинар кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Притоа, институцијата посочува дека медиумските работници мора да ги почитуваат професионалните стандарди.

Дополнително, Агенцијата нагласува дека комуникацијата со носителите на јавни функции треба да биде коректна и достоинствена. Воедно, се потенцира дека односот мора да се темели на заемна почит и одговорност.

Следи целото соопштение од АВМУ

Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи.

Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба да биде коректна, достоинствена и базирана на заемна почит, со висок степен на професионализам и одговорност.

Агенцијата потсетува дека критичкото известување и поставувањето прашања се суштински дел од новинарската работа, но тие треба да бидат формулирани и презентирани во согласност со етичките норми на начин што не навредува, не дискредитира и не создава непотребни тензии.“