Неработен понеделник за сите граѓани и дополнителен празник за православните верници
Граѓаните во текот на мај ги очекуваат уште два продолжени викенди. Едниот ќе биде неработен за сите граѓани, додека вториот се однесува на граѓаните од православна христијанска вероисповед.
Следниот продолжен викенд доаѓа по повод Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Празникот се одбележува на 24 мај, но бидејќи годинава се паѓа во недела, неработен ден ќе биде понеделник, 25 мај.
Празници и за православните и за муслиманските верници
Вториот продолжен викенд следува веднаш потоа. На 29 мај, кој се паѓа во петок, православните христијани го празнуваат Духовден, односно Педесетница.
Во меѓувреме, граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го празнуваат Курбан Бајрам. Неработен ден за нив ќе биде 27 мај, среда, односно првиот ден на празникот Курбан Бајрам.
