Предлогот за заедница на албански општини е несериозна идеја, посочи премиерот Димитар Ковачевски откако партијата Алтернатива предложи обединување на партиите на Албанците. Тоа тие што го заговараат се неинформирани или не ги разгледале добро договорите кои ги решаваат идентитетските прашања на Балканот, смета премиерот Ковачевски.

„Се работи за несериозна идеа, прво односите во нашата држава се решени со Охридскиот рамковен договор, кој го потпишаа сите претставници на политички парти, и на Македонците и на Албанците. Гаранција се и САД и ЕУ. Врз основа на тој договор Македонија претставува пример за соживот и пример за остварување на правата на сите етнички заедници, во нашата држава институциите за заштита на правата на помалите заедници се на највисоко ниво во споредба со сите други држави во Европа. Сметам дека овој предлог е неприфатлив и несериозен“, вели тој.

Според него, ние сме земја која преговара со ЕУ додека безбедноста на нашата држава после 2001 година е на толку високо ниво, што таквиот предлог е и неевропски и неамерикански“, вели тој.

Претходно од партијата Алтернатива имаше повик за обединување на партиите на Албанците околу идно барање за формирање на „заедница на албански општини“ по примерот на барањето на Србите во Косово за формирање на заедница на српски општини.