Авион на американската авиокомпанија „Делта ер лајнс“ се преврте при слетувањето на аеродромот „Пирсон“ во Торонто, при што неколку патници се здобиле со повреди. Властите потврдија дека нема загинати, а сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани.

Аеродромските власти веднаш ги активираа итните служби, кои интервенираа на местото на несреќата.

  • “Се случи несреќа при слетувањето на авион на ‘Делта ер лајнс’ што доаѓаше од Минеаполис. Итните служби се на терен. Сите патници и членови на екипажот се контактибилни,” соопштија од аеродромот „Пирсон“, каде што привремено беа затворени сите писти.

Во авионот имало 80 луѓе, осум повредени

Според Американската сојузна управа за воздухопловство (FAA), во авионот имало 80 патници и членови на екипажот, кои биле безбедно евакуирани.

Локалните медиуми јавуваат дека осум лица се повредени, од кои тројца се во потешка состојба.

Полицијата и авијациските власти сè уште ја истражуваат причината за несреќата. Засега нема информации за можни технички дефекти или временски услови кои би можеле да придонесат за инцидентот. Истражните органи ќе ја утврдат точната причина за превртувањето на авионот, а аеродромските власти преземаат мерки за нормализирање на летовите.