Сончево време претпладне, а попладне се можни локални врнежи и нестабилност, најавува УХМР

Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Според синоптичарите,  ќе има услови за изолирана појава на нестабилно време попладне. Можни се краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени Целзиусови. Максималната дневна температура се очекува да достигне меѓу 28 и 36 степени.

Во Скопје, исто така се предвидува сончево време со мала до умерена облачност. Најавен е слаб ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од 16 до 35 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, слични временски услови ќе преовладуваат и утре. Се очекува сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Повторно ќе има услови за нестабилно време попладне со пороен дожд и грмежи.

Во понеделник, УХМР предвидува поизразена нестабилност на повеќе места низ државата. Можно е локално невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Во вторник, според прогнозата, сè уште ќе има нестабилни периоди со краткотрајни врнежи и грмежи. Од среда се најавува стабилизирање на временските услови и преовладување на посончево време.