Времето утре: Променливо облачно со врнежи
Утрешниот ден ќе донесе променливо облачно и нестабилно време низ целата држава. Повремени врнежи од дожд се очекуваат особено во попладневните часови, а локално постои можност за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Количината на врнежи на одредени локации може да надмине 15 литри на квадратен метар за краток временски период.
Летното сметање на времето започнува викендов – експертите предупредуваат на здравствени ризици
Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени минимални, додека дневните ќе достигнат од 12 до 18 степени Целзиусови.
Временска прогноза за Скопје- врнежи со дожд
Во главниот град се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладнево, во одредени делови од котлината, можно е да се појави нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 8 степени, а максималната ќе се искачи до 17 степени Целзиусови.
Какво време не очекува во наредните денови?
Нестабилното време ќе продолжи и во следните денови. Повремени врнежи од дожд ќе бидат присутни, особено во попладневните часови. Локално се очекува краткотрајно невреме, проследено со пообилен дожд, грмежи и засилен ветер.
Граѓаните се советуваат да бидат претпазливи и да ги следат најновите метеоролошки извештаи.
Извор: Курир