Во интервју за Фокс њуз, Нетанјаху рече дека окупација на Појасот Газа не е долгорочна стратегија, туку безбедносна мерка
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема намера за траајна окупација на Појасот Газа.
Во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс њуз, тој објасни дека контролата врз територијата е привремена и поврзана со безбедносни цели.
„Не сакаме да ја задржиме Газа за себе,“ рече Нетанјаху. „Сакаме да обезбедиме безбедносен периметар. Но, не сакаме да ја управуваме. Планираме да ја предадеме на арапски сили“, изјави премиерот на Израел.
Интервјуто е објавено непосредно пред закажаниот состанок на Израелскиот совет за безбедност. Советот треба да заседава вечерва за да ги разгледа идните планови поврзани со окупацијата
Во пресрет на состанокот, началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили, Ејал Замир, изрази спротивно мислење.
Тој порача дека армијата се противи на идејата за окупација и најави дека ќе ја брани таа позиција на состанокот на Советот за безбедност.