Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека целосната победа во Газа е блиска и ја отфрли најновата понуда на Хамас за прекин на огнот, пренесе Ројтерс. Нејзината главна цел беше да обезбеди враќање на заложниците кои сè уште се држат во опколената енклава.

Нетанјаху го обнови својот став дека ќе го уништи палестинското исламистичко движење бидејќи нема друга алтернатива за Израел освен да доведе до колапс на Хамас.

Денот откако пушките ќе замолчат е ден по Хамас. Целиот Хамас, рече Бенјамин Нетанјаху.

Хамас предложи четири и пол месеци прекин на огнот во Газа, а за тоа време сите заложници да бидат ослободени. Предлогот на Хамас беше одговор на претходниот предлог што го подготвија шефовите на разузнавачките служби на САД и Израел и доставен до Хамас минатата недела од катарските и египетските посредници.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше за предлогот со Нетанјаху во Израел по разговорите со лидерите на Катар и Египет. Блинкен подоцна се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала.

Израел претходно соопшти дека нема да ги повлече своите трупи од Газа или да ја прекине војната додека Хамас не биде уништен.

Овој одговор доаѓа додека во меѓувреме Израел се обидува да го освои главниот град Кан Јунис во јужна Газа. Израелската армија соопшти дека убила десетици милитанти во борбите во изминатите 24 часа.

Израел ја започна својата воена офанзива откако милитантите од Газа, управувана од Хамас, убија 1.200 луѓе и зедоа 253 заложници во јужен Израел на 7 октомври. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, соопшти дека најмалку 27.585 Палестинци се убиени, а се стравува дека уште илјадници се затрупани под урнатините.