Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел го убил лидерот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала и дека тој и неговиот народ биле „креаторите на планот за уништување на Израел“.
Државата Израел вчера го уби главниот убиец Хасан Насрала. Ги израмнивме сметките со одговорните за убиството на голем број Израелци и многу граѓани на други земји, вклучително и стотици Американци и десетици Французи, рече Нетанјаху во изјавата, пренесе Скај њуз.
Тој истакна дека „отстранувањето“ на Насрала е неопходно за да се постигне целта – безбедно враќање на жителите од северот на Израел во своите домови и промена на рамнотежата на силите во регионот.
Нетанјаху исто така рече дека убиството на Насрала ќе влијае на враќањето на заложниците кои ги држи милитантната група Хамас.
„Би сакал да им се заблагодарам на ИДФ (Израелските одбранбени сили), воздухопловството, Министерството за одбрана, Мосад и Шин Бет за големите достигнувања“, рече Нетанјаху.
Тој посочи дека во наредните денови Израел ќе се соочи со значителни предизвици.
„Насрала за нас говореше како за „пајажина“. Но, наместо „пајажина“, тој ги откри челичните тетиви на обединетиот и моќен народ решен да го обезбеди своето постоење и иднина. Тоа не го откри само Хезболах, туку и целиот Блиски Исток“, додаде Нетанјаху.