Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва одржа прес конференција на која зборуваше за конфликтот во Газа.
Осврнувајќи се поддршката што тој вели дека му била дадена од сојузниците од Западот и арапскиот свет, заклучи дека „ова ќе биде долга и тешка војна“, во која Израел ќе победи.
Војната, која уследи по нападите на Хамас на 7 октомври, ја опиша како „втора војна за независност“ на Израел.
Ќе се бориме и нема да се предадеме. Нема да се повлечеме. Надземно и под земја. Порача Нетанјаху.