Премиерот Бенјамин Нетанјаху го повика населението да ги напушти домовите околу појасот Газа, бидејќи, како што порача, областа наскоро ќе биде срамнета со земја. Портпаролот на израелската армија најави дека во областите се распоредени десетици илјади израелски војници кои ќе ослободуваат сектор по сектор, до елиминација на сите терористи на територијата на Израел.
По масовниот и изненадувачки напад на Хамас, премиерот Нетанјаху нареди мобилизација на дел од резервниот состав. Израел го прекина и снабдување со електрична енергија, како и на храна и производи на палестинска територија. Училиштата во појасот Газа се затворени, а Доктори без граници објавија дека во борбите е погодена и една болница во енклавата што резултирало со повеќе човечки животи.
Во големиот напад на Хамас врз Израел што започна вчера утрото, убиени се најмалку 400 луѓе, а над 2.000 се ранети. Палестинците, пак, објавија за над 310 убиени лица и над 2.000 повредени во израелскиот одговор врз појасот Газа.
Повеќе на