Историското значење на ВМРО-ДПМНЕ според Мицкоски

На денешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, насловен „Македонија повторно твоја“, гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во разговорот, тој ја истакна моќта на ВМРО-ДПМНЕ како структура која е нераскинлив дел од македонскиот идентитет.

  • „Сите ја потценија моќта и значењето на ВМРО како организација. Колку и да се трудат да го девалвираат името, колку и да не нарекуваат само ДПМНЕ, а не ВМРО-ДПМНЕ, колку и да сакаат да нè омаловажат или да ни наштетат, оваа структура е и ќе остане дел од македонскиот идентитет,“ нагласи Мицкоски.


„ВМРО-ДПМНЕ има длабоки корени“

Мицкоски подвлече дека историското ВМРО и современата партија ВМРО-ДПМНЕ се длабоко вкоренети во историјата на македонскиот народ. Според него, таа врска не може да се уништи, без оглед на предизвиците.

  • „Без разлика дали тоа ќе го признаат или не, ВМРО-ДПМНЕ, како и историското ВМРО, е составен дел од македонскиот идентитет. Овој корен не може да се искорне или уништи. Тој е цврст, со длабоки темели, и јас сум привилегиран што ја предводам оваа организација,“ изјави премиерот.

Посветеност на подобрување на животот на граѓаните

Во текот на поткастот, Мицкоски зборуваше и за своите лични приоритети. Тој објасни дека неговите професионални амбиции се веќе реализирани и дека неговиот единствен мотив сега е да работи за подобрување на животот на граѓаните.

  • „Во моментов ја раководам најголемата историска организација на Балканот, а истовремено сум на чело на Владата на Македонија. Сите мои лични и професионални амбиции се остварени. Сега единствениот предизвик што го имам е да се обидам, преку сите алатки што ни стојат на располагање, да ги направам животите на овие 100 илјади граѓани поубави. Давам сè од себе за оваа цел,“ рече тој.

Тимска работа и верба во заеднички успеси

Мицкоски ја нагласи важноста на тимската работа и посветеноста на неговите соработници.

  • „Ние како тим сме обединети околу истите цели и вредности. Поминавме многу тешкотии заедно, но успеавме. Верувам дека ќе продолжиме да се бориме и да постигнуваме успеси,“ додаде тој.

Не треба да се заборави дека долг историски период, Македонците немале своја држава, но ја имале организацијата ВМРО која секогаш се борела за доброто на својот народ