Невакцинираните граѓани во Грција, кои се враќаат од одмор ќе добијат по два бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштуваат дека одлуката е во рамките на силната препорака, граѓаните кои не се вакцинирани да се теститраат по враќањето на летните одмори.

Бесплатните тестови се за периодот од 30 август до 6 септември, а се наменети за невакцинираните лица од пет до 30 години, како и за невакцинираните вработени во приватниот и државниот сектор.