Алјаска доживеа невообичаено топла зима. Декември, кој нормално требаше да помине со силен студ и снег, помина со дневни температури над 15,5 степени и со поројни дождови.
Во островската заедница Кодијак, температурата на воздухот достигна 19,4 степени, што е највисока декемвриска температура досега забележана на Алјаска, изјави научникот Рик Томан од Центарот за климатска проценка и политика на Алјаска.
Томан потсети дека претходните рекорди биле 18,3 степени на аеродромот Кодијак и 16,6 степени во заедницата на полуостровот Алјаска во Колд Бај.
Најсериозната последица за луѓето, рече Томан, се огромните врнежи од дожд кои се слеваат во внатрешноста на Алјаска.