Стапката на невработеност во еврозоната во септември изнесувала 6,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Евростат, пресметани според методологијата на Меѓународната организација на трудот (ILO). Истото ниво е забележано и во претходните два месеца.
На ниво на Европската унија, невработеноста останала стабилна на 6 проценти, колку што изнесуваше и во август според ревидираните податоци.
Во споредба со истиот месец лани, нема значителни промени — во септември 2023 година стапката во еврозоната исто така беше 6,3 проценти, а во целата ЕУ 5,9 проценти.
Евростат проценува дека во септември без работа биле околу 13,25 милиони граѓани на ЕУ, од кои повеќе од 11 милиони живеат во земјите членки на еврозоната.
Шпанија и понатаму е единствената земја со двоцифрена стапка на невработеност, која во септември изнесувала 10,5 проценти. Зад неа се Финска со 9,8 проценти и Шведска со 8,7 проценти.
Најниска невработеност забележале Чешка и Малта, со стапки од 3 проценти, додека Словенија и Полска се наоѓаат веднаш зад нив со 3,1 и 3,2 проценти.
