На 10,9 проценти се намалила невработеноста во Грција во март годинава, од 12,7 отсто истиот месец лани и од 11,3 проценти во февруари 2023 година, според официјалните податоци од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.
Во земјата невработени се 508.744 лица, за 100.395 помалку во однос на март 2022 и за 14.096 лица помалку во однос на февруари 2023 година.