Мајката и братот на 28-годишникот од Македонија патуваат од Америка каде живеат за да учествуваат во големата акција за пронаоѓање на младиот човек, кој и понатаму се води како исчезнат во морето , како што изјави за прототема.гр претседателот на спасувачите волонтери од ОФКАТХ, Христос Рамос.
28-годишникот бил понесен од струјата на морето, кој заедно со двајца спасени пријатели сакал да плива и покрај лошите временски услови, до познатата плажа „Мити“ во Посеида, Халкидики.
Младиот човек, по спасувањето на 30-годишниот Иван, е единствениот од групата кој и понатаму се води како исчезнат, а властите и волонтерите се борат со невремето. Сите се надеваат на „чудо“ за спас на животот на 28-годишниот кој се води како исчезнат речиси два 24 часа.
Работата на екипите за пребарување и спасување ја отежнуваат силните ветришта што од рано утрово дуваат во областа и достигнувајќи јачина и до 7 бофори.
-Има многу силен ветер, поради што чамците кои излегоа на море, дури и крајбрежната стража не може да работи. Засега истражуваме со пешачки делници и чекаме да видиме како ќе се развиваат временските прилики, велат од спасувачките служби за Прототема.
Како што соопшти Рамос, штом се подобрат временските услови, се очекува спасувачите да фрлат подводен дрон во водата што значително ќе помогне во потрагата.
Според последните официјални информации, во реонот се активни патролен чамец на крајбрежната стража и две крајбрежни пловила, додека хеликоптерот на воздухопловните сили пред малку ја заврши потрагата што ја вршеше од рано наутро.