Невреме со пороен дожд, врнежи од град и грмежи попладнево ги зафати Делчево и околните населени места. Поројниот дожд поплави голем дел од подрумските простории и предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот.
Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.
Од Општина Дечлево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.
Поради невремето, во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.