Временска прогноза алармира на интензивни врнежи од дожд и нагло заладување

Под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, во земјава се очекува сериозно влошување на времето. Според најавите од УХМР, од четврток навечер, па сè до петок, најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од државата, ќе има обилни врнежи од дожд со количини над 30 литри на метар квадратен.

Силен ветер и снег на планините – предупредување за граѓаните

Покрај врнежите, утре ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој ќе се засили во петок, кога ќе премине во северен правец, со брзина над 60 километри на час. Особено изразен ќе биде вдолж Повардарието. На повисоките планини ќе се формираат услови за појава на снег, што дополнително ќе ја отежне состојбата во тие подрачја.

Невреме со пороен дожд и грмежи: Граѓаните да бидат внимателни, УХМР издаде метео аларм

 Драстично опаѓање на температурите, викендот со краткотрајно стабилизирање

Температурите ќе се намалат значително, особено во петок, додека во текот на викендот и понеделник се очекува постепено стабилизирање на времето. Ќе има услови за слаб локален дожд, но со пораст на дневните температури и појава на сончеви периоди.

Времето во Скопје – дожд, ветер и заладување

Во Скопје, најобилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон петок и во петок. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој ќе се промени во северен со засилување во петок. Во текот на викендот, граѓаните на главниот град може да очекуваат променливо облачно, но потопло време со сончеви интервали.

Совет до граѓаните: Следете ги редовно метео извештаите и избегнувајте движење во критични периоди, особено во руралните и планински предели каде условите може значително да се влошат.

Извор: Канал 5