УХМР известува за нестабилност во јужниот дел од Скопската котлина проследена со дожд засилен ветер и грмежи.
Невреме има и во планинскиот дел во околината на Велес и западниот дел од земјата.
Нестабилната маса се движи од југ кон север. Поголема нестабилност западно од Кавадарци и Росоман проследена со пороен дожд засилен ветер и појава на суградица.
За утре метеоролозите најавуваат дека на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.