Невремето „Даниел“ прави пустош и во Атина.

Има поплавени улици и метро станици, како и прекин во сообраќајот на неколку булевари. Затворен е дел од автопатот Атина- Солун во близина на градот Лариса, за сите возила и во двата правци.

Најмалку 10 луѓе загинаа во поплавите во Грција, Бугарија и Турција.

Македонски државјанин е во Волос во Грција, но тој е на безбедно. Грција пред поплавите се бореше со пожари.