Незадоволната група“од ДУИ најавува петиција за разрешување на вицепремиерот, Артан Груби, и министрите во Владата од редовите на интегративците. Денеска ќе стартува он лајн петиција со која ќе се бара разрешување.
Од оваа фракција на ДУИ бараат и тв дуел со Груби. Телевизиското спротивставување го побара Муса Џафери, а на дебата пред јавноста ги повика Груби и министерот за финансии, Фатмир Бесими.