Бикот е домаќин на првата сезона на затемнување во 2022 година, која започнува со еклипса на Сонцето и млада месечина во Бик на 30 април.

Како фиксен земјен знак, Бикот е познат по својата внимателна, стабилна, прагматична природа, која може да се почувствува во текот на целата сезона.

Од средината на април до средината на мај, ќе бидете инспирирани да уживате во времето со саканите, да истражувате планови за патување, да се грижите за вашите предмети.

Колку и да звучи вземјен овој астролошки настан, сепак е еклипска која се спојува со наелектризираниот Уран – па најдобро е да се очекува неочекуваното.

Овен

Се чини дека плимата и осеката се свртуваат кога се во прашање парите, а некои ненадејни можности да ги зголемите вашите приходи можеби ќе дојдат во фокус. Новите ресурси ви се ставаат на располагање, па затоа стрпете се додека ги проценувате вашите опции и наоѓате нови начини да го изградите вашето богатство. Опциите никнуваат насекаде околу вас.

Бик

Со затемнувањето што се случува во вашиот знак, можете да очекувате дека ќе периодот ќе биде исполнет со огромни промени, личен раст и длабока духовна усогласеност. Го наоѓате вашиот пат додека се поврзувате со вашата автентичност и ви се појавуваат непознати аспекти на карактерот. Дозволете си да ги растегнете границите на вашата комфорт зона.

Близнаци

Во вашата психа се случува длабока промена за време на ова затемнување, па затоа е важно да го забавите темпото и да направите простор за рестартирање на духовниот систем. Мирувајте и поминете малку време во интроспекција сами со себе за да можете целосно да ги интегрирате лекциите што оваа месечина се обидува да ве научи.

Рак

Динамиката во вашите општествени групи и заедници се менува со брзо темпо, затоа бидете стабилни среде овие промени. Иако вашата класична сентименталност во духот на водата може да го отежне ослободувањето од она што некогаш било, оваа еклипса има потенцијал да донесе инспиративни нови пријателства и врски во вашиот живот кои се многу подобро усогласени со вашите поголеми надежи и визии. Отворете го срцето за тоа.

Лав

Се гордеете со својата кариера и јавна репутација, но ова затемнување е тука да ги размрда работите. Ненадејните можности во вашиот професионален живот може да се материјализираат, принудувајќи ве повторно да ги процените вашите планови и потенцијално да излезете надвор од вашата комфорна зона на работа. Во ред е да отстапите од вашиот главен план ако универзумот дојде со подобра понуда.

Девица

Оставете ја вашата комфорт зона, бидејќи ова затемнување е тука да внесе обновено чувство на авантуризам во вашиот живот. Кажете „да“ на можностите да научите нови работи и да ги проширите своите хоризонти, дури и ако потрагата не ви изгледа практична или намерна. Понекогаш само возбудата е доволно добра причина да се продолжи со нешто.

Вага

Емоционалната струја во вашиот живот сега се менува, па може да направите некои големи откритија кога станува збор за функционирањето на вашите односи. Останете приземјени со тоа што ќе се фокусирате на вистината и нема да замижете пред проблемите што се појавуваат. Може да добиете дури и неочекувано извинување или отплатен долг што ги санира старите рани.

Скорпија

Влегувате во период на огромен раст и еволуција, бидејќи еклипсата во вашиот спротивен знак на Бик ќе внесе моќни нови почетоци во вашите блиски односи. Може да се поврзете со важна нова личност или да почувствувате ненадејна јасност во однос на што или на кого сакате да се посветите. Во секој случај, енергијата во вашиот сектор на партнерства ќе донесе нешто неочекувано.

Стрелец

Вашето секојдневие се менува со затемнувањето на Месечината, затоа очекувајте вашите обврски да се сменат и обемот на работа да ја промени формата. Некој изненаден проект може да ви падне во скут и да бара од вас да го прилагодите распоредот за да направите простор, или може да направите чекор напред кога станува збор за продуктивноста. За среќа, ја имате потребната мотивација за да останете на врвот.

Јарец

Ова затемнување испраќа неочекувана молња на креативност и инспирација во вашиот живот, затоа канализирајте ја оваа сила во нешто што зборува со вашата душа. Вашите задоволства и страсти заслужуваат подеднаков фокус како и вашите професионални цели, затоа искористете го овој возбудлив излив на енергија за да го нахраните вашето внатрешно дете и малку да се забавувате.

Водолија

Со ова затемнување кое се случува во вашата чувствителна четврта куќа на семејството и темелите, очекувајте да се случат некои длабоки и емотивни промени. Откритијата кои се однесуваат на вашата семејна динамика и домашниот живот може да дојдат во фокус сега, или можеби ќе бидете поттикнати да започнете со заздравување на раните од минатото. Верувајте му на процесот и соочете се со вашите стравови.

Риби

Благодарение на сегашниот стелиум на Риби, вие сте среде период на длабок духовен раст и магија и ова затемнување ќе ви помогне позначајно да се поврзете со светот околу вас. Нови социјални врски и идеи никнуваат каде и да се свртите, што ви нуди шанса да се усогласите со околината. Чувајте ги очите, умот и срцето отворени за промени.