Следните три години, според барањата на тендерот, Агенцијата ќе треба физички да ги обезбедува обектите на државните органи, да ја гарантира личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа и да одржува ред во просторот што се обезбедува. Под нејзина надлежност ќе биде и видео-надзорот на објектите.

„Никоб“ ги обезбедува и општината Ѓорче Петров за 140.000 евра и Градот Скопје чиј тендер тежеше 125.000 евра како и 23 училишта во Скопје за 160.000 евра и други јавни институции.

Агенцијата за обезбедување НИКОБ била најповолен понудувач на 3- милионскиот тендер на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија за физичко обезбедување на повеќе од 30 државни објекти во наредните три години, стои на веб страницата за јавни набавки, објавено на почетокот од седмицата.

Од трите фирми кои се пријавиле, две биле одбиени и НИКОБ останала единствен наддавач на електронската аукција,