Тој кажа дека во последно време не се полнат болниците со онаа динамика претходно.
-Во последно време не се полнат болниците како што беше и тоа е добро. Интерните одделенија се подготвени, иако веќе има пациенти., кажа Филипче.
Тој рече дека трендот на вакциниранње во нашата земја се одвива со добра динамика.
-Во државата со вчерашниот ден се вакцинирани со прва доза околу 740 илјади граѓани. Секојдневно имаме над 13-14 илјади аплицирани вакцини. Ако со овој тренд продолжи ќе биде добро. Над 43 години се вакцинирани вкупно 54% од населението, вкупно е нешто помалку, што значи дека интересот е помал кај младите, изјави Филипче кој додаде дека најголемиот број од пациентите во болниците се невакцинирани.
Министерот изјави:
-Точно знаеме како се лекуваат сите пациенти и сите се лекуваат по протоколи, и со модерни лекови. Најголем број од пациентите во болниците се невакцинирани, и тоа е проблемот. Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети.
Филипче кажа дека ниту тој, ниту некој друг во Светот не кажал дека вакцината целосно штити, туку дека штити од сериозна тешка форма на болеста.
-Никогаш, ниту јас ниту бил кој здравствен работник во светот не сме кажале дека вакцината целосно штити од вирусот. Штити од тешка форма на болеста и од смртност. Огромен процент на новодијагностицирани пациенти се невакцинирани. Разговараме со колегите од другите земји, и секаде болниците се оптоварени со невакцинирани. И од тука не можеме да предвидиме со ситуацијата во пандемијата, веројатно ќе има нови соеви, но вакцината е таа што штити од смртен исход или тешка форма на болеста, кажа Филипче.