По преговори кои таеја повеќе од два месеци, по одржаните  парламентарни избори, бугарскиот парламент избра нова влада на чело со премиер Николај Денков.

Новиот Кабинет го поддржа сите пратеници од ГЕРБ-СДС, од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и двајца пратеници од ДПС – Мустафа Карадаи и Дељан Пеевски.

Според договорот, премиер ќе биде Николај Денков, а по девет месеци функцијата ќе ја преземе Марија Габриел од ГЕРБ, која дотогаш ќе биде вицепремиер и министер за надворешни работи.