Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност на државата, на единиците на локалната самоуправа и на сите учесници во сообраќајот. Безбедноста не е само формално почитување на правилата, тaa е култура на однесување кои ги штити животите, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето обраќање на Националната конференција „Безбедност во сообраќајот во единиците на локланите самоуправи”.
Патната инфарструктура што ја креираме мора да биде безбедна по проект, да ги минимизира ризиците и да нуди услови за безбедно движење за пешаците, велосипедисти, моторни возила и лицата со делумна подвижност. Безбедноста мора да стане основен критериум во плановите и проектите што ги правиме, додаде вицепремиерот Николоски.

“Во рамки на Министерството за транспорт се работи на неколку стратешки насоки и тоа Националната транспортна стратегија 2018–2030 поставена е амбициозна, но неопходна цел – намалување на бројот на загинати лица на патиштата за 50 % до 2030 година затоа што бројките се лоши, Македонија е во врвот и се надевам дека со МВР ќе ги подобриме работите. Ја унапредуваме националната регулатива за безбедни патишта преку измена на законски решенија, користење на податоци за идентификација на црни точки и нивно минимизирање, креирање на урбанистички планови со безбедна инфраструктура. Ги подржуваме и соработуваме со општините за развој на локални проекти во дел на модернизација на раскрсници, воведување мерки за смирување на сообраќајот, изградба на тротоари и велосипедски патеки. Со Правилникот, велосипедските патеки за прв пат се категоризирани бидејќи до сега беа на доброволна основа, сега се задолжители. Промовираме Интелигентни транспортни системи, обврска што ни е зададена и со Планот за раст на ЕУ. Во овој момент Светска банка води постапка за поставување на ИТС на Коридор 10, над 13 милиони евра се грант за овој проект и за некаде година и половина ќе имаме целосно дигитализиран автопат од границата со Србија со границата со Грција. Веќе се работи на слична апликација и за Коридор 8,” истакна вицепремиерот Николоски.

Активностите за безбеден сообраќај на патиштата мора да бидат координирани и заеднички интероперабилно да се решаваат сите предизвици, додаде Николоски, кој потенцира дека активностите треба да бидат насочени кон долгорочни цели и активности.
НИКОЛОСКИ: Нови проекти за безбедност на патиштата и подобрување на културата во сообраќајот


