Потпретседателот на Владата, Александар Николоски, беше гостин во ,,Тема на денот“ на Сител телевизија, каде се осврна на критиките од опозицијата поврзани со патувањето на премиерот и посочи дека смета оти станува збор за неоправдани политички напади. Николоски порача дека и политичарите имаат право да одморат и дека граѓаните ја препознаваат разликата во однесувањето на власта и опозицијата.
,,Мислам дека е безобразно ова што го прави опозицијата, да не му се дозволи на човек 5-6 дена да одмори, во услови кога лидерот на опозицијата месец дена не сме го виделе, веројатно е во Грција. Негов избор, и тоа никој не го коментира. Од друга страна, во овие 5 дена во кои што премиерот решил да се види со семејството, да вака се прави напад мислам дека е безобразно, нема друг збор. Но, ние сме навикнати, во суштина тоа тие го прават и додека бевме во опозиција и сега кога ја водиме државата“, рече Николоски и додаде:
,,Но, и граѓаните го гледаат тоа и затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е тој што е, и рејтингот на СДСМ е тој што е. И јас последната недела бев на одмор и не гледам ништо спорно, човек да се одмори 7,8,10 дена и после тоа со нова енергија да влезе во новите задачи кои што го чекаат“.
