Денес во собранието на Република Македонија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, оствари средба со Амбасадорот на Унгарија Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

На средбата Николоски изрази благодарност на силната поддршка на Унгарија во процесот на европската интеграција на државата и особено за почеток на преговорите за простапување во Европската Унија.

-На средбата разменивме мислења за билатералните односи и соработката помеѓу двете држави, за ситуацијата во Украина, глобалните предизвици во светот, енергетската криза, како и актуелните предизвици на нашата држава што претстојат во интеграцијата во ЕУ, изјави Николоски преку својот фб профил.