Во одговор на новинарско прашање денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при посетата на Јегуновце, во врска со прашањето за аферата од 200 милиони евра кој тој ја обелодени во јавноста за „Шик Јелак“ и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, рече дека криминалот царува во Македонија, како и дека добил закани за да не го обелоденува скандалот, за кој сега се гледа дека бил направен криминал вреден 200 милиони евра од функционери на СДСМ и ДУИ.
-Ако гледам од лична перспектива голема е сатисфакцијата затоа што точно е дека прв кој во јавноста излезе за тоа што ќе се случува во Тетово и кој криминал се спрема, но тоа беше негирано тогаш, а сега гледаме дека истото се потврдува, вели Николовски.
Тој посочи во одговорот дека ако ја гледаме суштината факт е дека криминалот царува во Македонија, како и дека идеалите и идеите застануваат таму каде што започнуваат парите, а чесно ги слушаме ДУИ како велат што мислат за србите, што мислат за случувањата во Косово, но кога доаѓа екстремен бизнисмен во Македонија со торба пари за Теута Арифи и Советот на Тетово завршува се и тогаш започнуваат да се корумпираат, но истото важи и за СДСМ и за Зоран Заев.
-Од една страна на Зоран Заев устата му е полна со геостратешките интереси на Македонија коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ силно ги поддржуваме, но од друга страна на еден од најголемите екстремисти на Балканот којшто користи црни пари за финансирање на екстремизам му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра, истакна Николоски.
Николоски посочи дека кога тој го обелоденил скандалот станувало збор за црни пари од фирми во Панама, па сфатиле по тоа дека се извадени на чисто и нема поента да се кријат и затоа отидоа преку фирмата на Дака во Црна Гора.
-Прв пат ќе кажам за јавноста јас добивав и закани да не го објавувам скандалот и аферата затоа што се работело за моќни луѓе, но ќе кажам дека кај мене закани не поминуваат и ќе продолжам да објавувам криминални афери секогаш кога ќе имам сознанија за истите, вели Николоски.