Договорот со Обединетото Кралство ја трансформира Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, говореше на трибината во Гевгелија на тема „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“. Тој се осврна на договорот со Обединетото Кралство и истакна дека договорот ја трансформира Македонија.
Според Николоски, со овој договор Македонија се позиционира рамо до рамо со втората светска сила. Тој додаде дека договорот носи и економски бенефити за државата и граѓаните.
„Лично бев мотивиран да направиме трајни работи кои ќе останат за генерациите што ќе не паметат“, рече Николоски.
Тој нагласи дека Македонија мора да направи голем чекор напред. „За да бидеме рамо до рамо со најразвиените европски држави, мораме да направиме големи промени“, изјави тој.
Николоски посочи дека договорот со Обединетото Кралство е прв таков потпишан во Европа. Министерот за надворешни работи веќе го надгради договорот.
„Втората светска сила го поддржува македонскиот национален идентитет, јазик и култура“, рече Николоски.
Во економски контекст, договорот гарантира финансиска поддршка од 5 милијарди фунти, што изнесува околу 6 милијарди евра. Овие средства целосно ја трансформираат Македонија.
„Првиот проект веќе е во фаза на реализација, со понуди од 16 светски банки“, рече Николоски.
Тој посочи дека брзата пруга, која ќе поминува низ Гевгелија, ќе ги скрати патувањата до Солун и Скопје. „Гевгелија-Солун ќе биде околу 30 минути, а Гевгелија-Скопје околу еден час и десет минути“, додаде тој.
„Ова е проект што ќе ја трансформира Македонија“, заклучи Николоски.