Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес конференција информира за донесената одлука на Владата за започнување на подготовки и подготвителни работи со цел за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридорот 8.
-Ова е следна фаза во делот на реконструкција на железничката инфраструктура во Македонија, знаете дека сме во напредна фаза за изградба на брза пруга на Коридорот 10. Исто така беше пуштена во функција пругата од Куманово до Бељаковце на Коридор 8 и се работи на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Веќе сме пред финален договор со Република Бугарија во однос на повржувањето со Р.Бугарија, изјави вицепремиерот Николоски.
Тој истакна дека се подготвуваат и активности на западното крило на Коридорот 8, почнувајќи од постојната железничка линија од Скопје до Кичево која е во лоша состојба.
ЕУ ќе обезбеди 5,3 милиони евра грант за физибилити студија, а водечка финансиска институција ќе биде Европската банка за обвнова и развој која ќе одбере консултант, по што ќе се оди кон втората фаза – работа на терен, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-Затоа решивме прво да ја реконструираме, а потоа да ставиме модерна сигнализација и да ја електрифицираме. Дури и да беше во добра состојба, по железницата ќе оперираа само дизел локомотиви, рече Николоски.
Реконструкцијата ќе овозможи, потенцира вицепремиерот, поврзување на Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар – Кичево.
Тој соопшти и дека државата го добила случајот „Казандол“.
-Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка „Казандол“ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен, подвлече Николоски.
Тој смета дека државата ќе добие уште најмалку два случаја, но до донесувањњ предусда детали не смеат да се изнесуваат. Постапките се многу комплицирани. ако продолжи овој след, како биле отворани арбитраќуиет и како бевме убедуванми дека Македонија ќе гиби стотици милиони и милијарди , а еве не ги губи.
За две до 2,5 години од завршувањето на студиите треба да се заврши пругата Кичево Скопје.