Во рамки а теренските активности кои ги има ВМРО-ДПМНЕ денеска сме во посета на две општини, прво сме тука во општина Василево, а после и во општина Босилово. Како што може да видите дека со почетокот на пролетта почнуваат интензивни градежни активности во општина Василево, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Посочи дека му е драго што во Градошорци зборуваат за изградба и асфалтирање на една патна делница која е скоро половина километар. Како што кажа градоначалникот во следниот период ќе почнат да се работат уште три делници.

-Вкупно 4 делници во вкупна вредност од над 32 милиони денари што значително ќе помогне во подобрување на инфраструктурата на општина Василево, подобра комуникација помеѓу луѓето, но исто така и развој на бизнисот. Всушност оваа улица која се работи денес е улица која го поврзува населеното место со индустриската зона каде што очекуваме дополнително да се развива стопанството и да се развиваат фирми кои би работеле во следниот период и кои би отворале работни места, истакна Николоски.

Ова е една активност која очекуваме да се случува во целата четврта изборна единица и во цела Република Македонија.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои победија на локалните избори во 2021 година, покажуваат дека може да се работи различно, чесно и одговорно и всушност ова денес е еден таков доказ.