Николоски истакна:

-Она што е неподелено мислење на граѓаните кои што ги сретнaвме денес е дека Ѓорче Петров очекува промени на локалните избори кои што ќе се случат во октомври-ноември месец оваа година. Постои огромно незадоволство од работењето на актуелниот градоначалник кој што скоро и да нема ништо реализирано од тоа што беше ветено пред 4 години во изборната програма, oсвен што си ја направи најскапата улица односно најскапиот двор пред куќата во која што живее, направи една уличка од 400.000 евра која што ја разелени за да може нели дворот да му е поубав. Тоа е единствениот проект кој што е реализиран во овие 4 години како функционира во Ѓорче Петров. Сето останато се празни ветувања, хигиената се намалува, урбанизмот односно урбанистичките проблеми се зголемуваат заради тоа се случуваат и протести на граѓаните од општина Ѓорче Петров. Еден таков протест е најавен и за утре затоа што постои едно урбано дивеење и урбан хаос во рамки на општината. Она што исто така што можам да го кажам е дека очекуваме убедлива победа во општина Ѓорче Петров со кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме визија да понудиме тука програма за општината која што ќе значи една модерна општина, една општина во која што ќе се реализираат ветувањата и општина која што ќе е пријатно место за живеење на тие кои што живеат тука и кој што сакаат да дојдат да живеат во Ѓорче Петров, а тоа ќе значи и еден голем придонес во победата за градоначалник на Град Скопје

Тој додава дека особено сме мотивирани за победа во Град Скопје и после денешната најава на Зоран Заев дека фаворит на СДСМ за изборите на градоначалник на Скопје е Петре Шилегов. За нас е тоа добра вест затоа што тој е убедливо најнепосбниот градоначалник кој што било кога функционирал на ниво на Град Скопје и со задоволство ќе понудиме многу подобра програма и многу подобар кандидат кој што ќе однесат победа на изборите за градоначалник на Скопје и да може градот да се развива во права насока.