Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, денеска одржаа средба на која се дискутираа важни теми поврзани со политичките и економските односи меѓу Македонија и Романија. Еден од клучните моменти на состанокот беше можноста за воспоставвање директна авиолинија помеѓу Скопје и Букурешт, како и потенцијалното поврзување на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ со овој регион.

Економска соработка, инвестиции и директна авиолинија

На средбата се нагласи важноста на економската соработка меѓу двете земји, при што министерот Николоски истакна дека Владата активно работи на реализација на капитални инфраструктурни проекти. Тој нагласи дека особено внимание е посетено на брзото и квалитетно поврзување со земјите од Централна Европа, што ќе овозможи подобра економска интеграција и развој на транспортните врски.

  • „Владината агенда е фокусирана на развој на инфраструктурата како клучен двигател на економскиот раст,“ посочи Николоски, истакнувајќи ги тековните проекти во патниот, железничкиот и авио транспортот.

Инфраструктурни планови и Европска интеграција

Покрај дискуиите за транспортните врски, на средбата било истакнато и значењето на реформите кои се спроведуваат како дел од патот кон интеграција во Европската Унија. Николоски нагласи дека Владата е посветена на забрзување на економскиот развој преку подобрување на владеењето на правото и засилување на борбата против корупцијата.

Министерството за транспорт информира дека овие иницијативи, вклучувајќи го и предлогот за авиолинијата Скопје-Букурешт, претставуваат дел од пошироката визија за поврзување на Македонија со останатиот дел од Европа и обезбедување на одржлив економски напредок.