Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот фб профил изјави дека денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, присуствубаа на увид на детска градинка во Прилеп.
Денес во Прилеп присуствувавме на увид на изградбата на детска градинка која има капацитет за прием на 250 дечиња од предучилишна возраст, напиша Николоски.
Проектите во Прилеп се реализираат со забрзано темпо и граѓаните ги чувствуваат промените. Со промена на централната власт ќе реализираме уште многу проекти и ќе го подобриме животот на граѓаните во цела Македонија, напиша тој.