Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека и покрај проблемите со радарот, никако не била загрозена безбедноста.
„Ние имаме многу јасни безбедносни протоколи кои што целосно се почитуваат, и авиосообраќајот во ниту еден момент не беше загрозен“, рече Николоски.
Како што додаде, ниту еден лет не бил откажан.
„Вториот радар е постар од овој првиот. Сега со овој радар на Леонардо ќе се замени овој 27-годишниот а после тоа ќе пристапиме кон купување нов радар, кој што ќе го замени постариот“, додаде Николоски.