Имам сон, човек да се качи на новата железничка станица во Скопје и за час и половина или два, да е во центарот на Солун со воз, односно од едниот до другиот крај на географска Македонија да се патува по брза пруга за час и половина или два. Реагираа од СДСМ дека многу сум сонувал, но јас им објаснив дека тоа е новата европска политика каде што со цел намалување на загадувањето кое се случува и од авионите, ќе се инвестира во пруга, рече Николоски.

Николоски рече дека тоа е проектот на иднината на Македонија и наместо да му се јават и да прашаат од каде се сознанијата, тие ги пуштиле првите советници на Зоран Заев да го омаловажуваат во јавност.

– После неколку месеци нивниот министер за транспорт и врски Бочварски, потпиша договор со Европската унија во кој што треба да се развива проектов. За после неколку месеци од тоа, да го слушнеме Александар Вучиќ каде што кажува дека Србија ќе добие од ЕУ грант од 600 милиони евра за брза пруга. Значи Србија, која Заев ја квалификува како анти-ЕУ , анти-НАТО нели е тој е многу про-ЕУ и НАТО, добива 600 милиони евра, Заев добива нула. Знаете зошто? – Затоа што Заев нема проекти и брзата пруга оди од Белград до граница со Македонија. И сега изборот е или да останеме слепо црево што е многу возможно, или Македонија буквално ќе процвета со таа пруга, појасни Николоски.

Николоски објасни дека ако остане Зоран Заев не очекува да се среди работата и доколку се случи тоа има алтернативен проект кој ќе почнува од Ниш и ќе оди лево до Димитров Град, потоа кон Софија, практично низ Пиринска Македонија ќе оди кон Грција и ќе се спојува во Солун кој е за 330км подолг и три и пол милијарди евра поскап проект.

Или алтернативата е да оди по природната пруга за која што се воделе неколку Балкански и една Светска војна затоа што уште од Бизмарк знаеме дека кој ја контролира Моравско-Вардарската долина, тој го контролира Балканот и Европа а тоа е пругата да се спушта од Ниш надолу кон Прешево – Скопје, Велес, Гевгелија и да се отвори кон Солун. Доколку тоа се случи ќе е комплетен европски грант и на Македонија ќе ѝ останат пари да може да ја развива железницата затоа што приоритетен коридор е 10 и ако таму немаме трошоци како држава, дури и заработуваме затоа што тие возови кои ќе поминуваат низ Македонија ќе плаќаат патарина условно кажано – ќе останат пари за остатокот од државата, рече Николоски.

Тој го објасни начинот на кој ќе доаѓаат парите и рече дека двете пристаништа во Грција, Пиреја кај Атина и солунското многу се развиваат затоа што северните пристаништа кај Ротердам веќе биле преоптоварени и морало да се отвора јужната рута. Тоа пак значело дека голем број на роба и стока ќе доаѓало преку Солун и Атина и мора да одат нагоре кон Цетрална Европа и ќе мора да плаќаат за да транзитираат низ Македонија.

Ама тоа е визијата која што ја немаат. Затоа што кога ќе влезете во политиката, визијата треба да ви е подалеку од тоа на пет струмички камиони да им сменат таблички, да им стават битолски и да вртат низ РЕК- Битола и да пишуваат дека вртат 24 саати. Визијата мора да ви е многу подалеку и да гледате години напред и да реализирате големи проекти, рече Николоски.