Изградбата на гасниот интерконектор е во тек. Рокот е две години и со тоа обезбедуваме уште еден извор за снабдување со гас за домашните компании, вели вицепремиерот Николоскиво интервју за ТВ Сител.

“Во однос на интерконекторт, активно се гради од наша страна. Стигнати сме некаде над Неготино, северно од Неготино. Рокот за изградба е две години, веќе активно се работи, беше избран изведувач, македонска компанија која што работи и тоа ќе ни отвори алтернативно снабдување со гас бидејќи сега имаме само еден извор кој што оди преку Бугарија. Планираме да имаме најмалку уште три извори на гас и така ќе можеме да калкулираме со цената на гасот.

Во однос за терминалат за течен гас Александропули, ние сметаме дека сите иницијативи кои се добри треба да се поддржат. Отворени сме за соработка бидејќи не сакаме државата да биде зависна од снабдување со гас и енергенси од Русија, би сакале да имаме снабдување и од други извори и региони” – потенцира Николоски.