Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, рече дека минативе 4 години градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа како се работи.
„Отчет – Четири години работа за тебе. Изминативе 4 години градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа како се работи посветено и чесно, покажаа како се реализираат проекти и како се подобрува животот во секое населено место. Со уште поголема поддршка од Владата ќе направиме многу проекти во сите општини во Македонија“, напиша Николоски на социјалните мрежи.