Денеска беше пуштен за сообраќај за сите возила обновениот мост кај Башино Село, проект што го вети вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, пред само шест месеци. Тој на отварањето беше присутен заедно со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈПДП Коце Трајановски, градоначалникот на Веле Марко Колев.

– Успеваме со добра координација меѓу централната и локалната власт во рекордно време да го санираме и целосно да го зацврстиме со што од денеска мостот е безбеден за сообраќај. Доаѓаат многу значајни проекти за Велес, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот Николоски.