Владата на ВМРО-ДПМНЕ почнува со посветена работа да работи за рамномерен развој на сите краишта од Македонија. Во Охрид утрово лидерот на партијата, Христијан Мицкоски заедно со челните луѓе од оваа партија меѓу кои и новиот министер за транспорт, Александар Николоски ги најави низата проекти.
Освен Николоски, рамо до рамо со претседателот Мицкоски присуствуваа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Александар Николоски најави дека во Охрид следуваат низа проекти.
Во Охрид многу проекти од повеќе области! Камен темелник на спортска сала во Лескоец. Реконструкција на улицата 7ми ноември. Изградба на детско игралиште во населбата Видобишта. Увид во активностите и состојбата созатворениот базен во Охрид. Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во сите области, ќе направиме многу!, пишува Николоски на својот профил.
Потпретседателот на оваа партија и минситер за транспорт, Александар Николоски претходно најави и реализација на клучниот проект за овој град, односно автопатот на релација Кичево – Охрид. Николоски потенцираше дека ќе биде готов до крајот на 2026 година.
Христијан Мицкоски пак, токму од Охрид ја продолжи турнејата по враќањето од НАТО Самитот во Вашингтон. Го опиша како успешен, а најави и инвестициски бум во Македонија и многу нови проекти.