Коментирајќи ги податоците објавени во „Ревизорскиот извештај за реализација на капитални инвестиции“ изготвен од Државниот завод за ревизија, министерот за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање најави дека ќе се заложи за јавно објавување на условите на договорот со „Бехтел и Енка“.
Договорот со „Бехтел и Енка“ е класифициран како државна тајна, се уште не знам врз основа на кој закон, но со промена на раководствата на надлежните институции очекувам и како министер ќе се заложам тој договор да да се декласифицира и јавноста да биде запознаена со условите во него“, изјави Николоски