Пратеникот Александар Николоски говорејќи на Комисијата за надворешна политика, рече дека се оствариле неговите прознози дека Македонија нема да добие датум за преговори.

Тој потсети истото го тврдел и после Договорот во Преспа и тоа се потврдило.

Николоски е убеден дека преговори не добиваме бидејќи Македонија не е подготвена.

Јас во една прилика реков дека во јануари може да се добие само датум за скијање. Еве наместо Македонија Заев доби датум за скијање во Шамони – рече Николоски.