Исклучително важен дел од вчерашната емисија, дел во кој зборувам за позициите на МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИСТОРИСКИТЕ И ПОЛИТИЧКИ текови кои Македонија треба да ги искористи, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.
-Имајќи предвид дека се случува ВОЈНА и е јасно дека историјата ќе зафати еден тек, задача на политичарите е правилно да се претстават работите. Зборувам за значењето на политичкото делување и политичка мудрост како и за правецот во кој треба да се движи Македонија со цел да се искористат последните случувања во корист на македонскиот народ.
Погледнете го овој исечок, додава Николоски.